По трансферот на помалиот Доријан од Ботев Враца во Дебрецен, сега браќата Бабунски играат заедно во овој прволигашки клуб од Унгарија. Постариот Давид е староседелец, а сега покрај себе го има и помалиот Доријан кј во минатата сезона во елитната лига во Бугарија во целост ги искажа сите свои квалитети.
Во пресрет на полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар на 24 март во Палермо против Италија, и двајцата посакуваат да се најдат во репрезентацијата.
Но тука нивните соништа не завршуваат.
Имено…
“Да играме заедно на СП во Катар во дресот на Македонија би било прекрасно. Сепак за да се оствари овој сон е многу комплицирано. Прво треба во баражот да се мине Италија, а потоа подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција. Сепак треба да се верува, нели“ велат браќата Бабунски кои за еден познат спортски портал имаа големо интервју кое беше пренесено денеска и во неколчку други портали во Европа.