Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одржи тренинг камп во Анталија

140

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години на 14 март патува за турска Анталија каде што ќе одржи тренинг камп и ќе одигра три контролни средби.

Првиот контролен меч на програмата е на 12. февруари против Белорусија, три дена подоцна ќе одиграме втор контролен против Белорусија, а последниот натпревар е закажан на 22. февруари против екипата на Звезда Перм (2005) од Русија.

Селекторот на нашата младата женска селекција, Астрит Мерко за тренинг кампот и подготовките во Анталија ги повика следните фудбалери:

Голмани: Берна Кабакчи (Берг, Холандија), Јана Луба Зврлевска (Скопје 2014);

Одбрана: Александра Јовановска (Борец), Едина Сулејмани (Асс Јунајтед), Ана Милчевска (СЦ Истатов 2015), Викторија Недева (Тиверија), Миа Головска (Скопје 2014), Сара Ефтинџиовска (Деспина), Дајана Ристовска (Асс Јунајтед);

Среден ред: Маја Стојановиќ (Речица), Лилјана Бошнаковска (Скопје 2014), Ера Стеблева (Асс Јунајтед), Радица Велкова (Тиверија), Ангела Зафировска (Шкендија), Кристина Мојсоска (Асс Јунајтед);

Напад: Теа Божиновска (Скопје 2014), Николина Петровска (Топ Гол), Оливера Чоклеска (Асс Јунајтед), Бојана Петкова (Сц Истатов 2015), Еда Далипи (Асс Јунајтед), Ангела Тасеска (Хаммаркулленсбк, Шведска), Ивана Кузмановска (Лондон Сити);

ПретходноОсвои Супербоул и твоја сум
СледноЖенската А репрезентација ќе одржи камп во Дојран