Нилс Ван Дер Пул е единствениот натпреварувач кој ја прекина холандската доминација во брзо лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг.
По златото на 5000 метри, одличниот Швеѓанец беше најбрз и на двојно подолгата делница. Освен што се искачи на тронот, Швеѓанецот тоа го направи со стил, поставувајќи нов светски рекорд.
Тој ја запре стоперката на 12:30.74 минути и ја помести линијата од соништата, која исто така беше во негова сопственост.
Среброто му припадна на Холанѓанецот Патрик Рест, додека трет заврши Италијанецот Давиде Џото.