И официјално Тео Ернандез го продолжи договорот со Милан и тоа до 2026 година. Она што се најавуваше во медиумите во Италија, дека еден од најдобрите фудбалери на италијанскиот гигант ќе го продолжи во клубот од Милано, тоа денеска и се оствари.
Со новиот договор Ернандез ќе зема и поголема плата, па така досегашната од 1,5 милиони евра годишно ќе биде зголемена на 4 милиони, тука не се сметаат бонусите.
Да потсетиме дека Французинот во Милан дојде од Реал Мадрид во 2019 година и брзо стана клучна фигура во тимот од “Сан Сиро“. Токму затоа и инсистирањето на Милан за продолжување на соработката.