На неколку часа до крајот на преодниот рок, есенскиот првак, тимот на Шкупи и официјално потврди дека има ново име. А тоа е Мамаду Данфа (20), напаѓач од Сенегал кој доаѓа од екипата на Колос (Украина).
Данфа во Скопје ќе дојде за неколку дена по што ќе следи промоцијата. Тој има играно и во Камерун а има и еден настап за својата најдобра репрезентација, исто така бил член и на младинските селекции на својата земја.
Шкупи со него потпиша двегодишен договор.