Искусниот офанзивец Самир Фазли повторно е фудбалер на Македонија Ѓорче Петров. Прволигашот му посака добредојде назад во старото „јато“ во кое настапуваше минатата година, а и на почетокот на кариерата.
Тој доаѓа како слободен фудбалер откако си замина од казахстански Туран.
Инаку Фазли има и богато интернационално искуство. Во Македонија освен за Македонија ЃП играше и за Шкендија, а настапуваше за клубови од Хрватска, Швајцарија, Холандија.