Алкалоид испорача 50-ка во мрежата на Кичево

204

Алкалоид продолжи победнички во Првата лига. Дебитантот одигра уште еден натпревар со голем број погодоци, овој пат против Кичево на гостински терен. Избраниците на Љубомир Савевски славеа со 17-50 и дојдоа до 13. триумф, со кој остануваат лидери во групата Б.

Оваа средба беше решена уште по првото полувреме. Скопскиот состав поведе со 4-14, на одморот веќе разликата „скокна“ на 8-24. Ракометарите на Алкалоид до крајот имаа рутинска задача, без проблем го завршија дуелот.

Димовски и Стојковиќ со по осум гола беа најефикасни, зад нив беа Костовски и Илиески со по пет гола. На другата страна Мирчески имаше шест гола.

ПретходноРенова со победничко селфи од Штип!
СледноПријателски: Воска со триумф во Прилеп, Вардар ремизираше со Беласица!