Борусија (Д) пред потпис со Карим Адејеми

147

Борусија Дортмунд работи на трансферот на фудбалерот на Салцбург Карим Адејеми.

Потписот на 20-годишниот напаѓач е приоритет на германскиот клуб по трансферот на дефанзивецот Никлас Зиле. Од клубот се уверени дека наскоро ќе постигнат договор со Салцбург и веќе имаат подготвено 5-годишен договор за играчот.

Претходно беше објавено дека Австријците бараат 30-40 милиони евра за Адејеми.

ПретходноЏемаили со трансфер од Шкупи во Воска Спорт!
СледноПовреда на дебито за Газиантеп: Лука Станковски го чека пауза од најмалку 6 недели