На Баерн му се стемни во Бохум (видео)

114

Актуелниот шампион на Бундес лигата Баерн Минхен претрпе висок пораз на гостувањето кај Бохум. Чуден натпревар се одигра на „Рурштадиум“ затоа што Баерн поведе, а потоа до крајот на првиот дел прими дури четири гола.

Бохум ја запиша првата победа по 18 години против Баерн Минхен.

Левандовски во 9.тата минута го доведе Баерн во водство, а потоа Бохум четири пати ја затресе мрежата на Улрих. Антви-Аџеи изедначи, па потоа погодуваа Локадија, Гамбоа и Холтман.

Бохум имаше предност од 4:1 пред стартот на вториот дел, а Баерн се најде пред тешка задача да се извлече од овој срам. Не успеа. Левандовски погоди во 75. минута и тоа беше тоа.

Баерн претрпе пораз од 4:2 но, сепак, е прв на табелата со 52 бода по 22. кола. Бохум е на 11. место.

На другите мечеви Менхенгладбах-Аугзбург 3:2, Ајнтрахт-Волфзбург 0:2, Фрајбург-Мајнц 1:1, Гројтер Фурт – Херта 2:1.

ПретходноСтанковски со пораз дебитираше за Газијантеп
СледноЕвертон го „покоси“ Лидс, Брајтон ја прекина серијата нерешени резултати (видео)