Нов секс скандал во Ајакс

3412

Сеуште е свежа секс аферата на спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс, а веќе легендарниот фудбалски клуб од Холандија го тресе нов сличен скандал.

Членот на вториот тим, Дони Вармердам е обвинет дека пред шест месеци силувал девојка, која што сега тврди дека за тоа има и фотографии и видео запис. Младиот фудбалер кој има 20. години е во сериозен проблем доколку овие обвинувања бидат докажани. Оваа ситуација во која што се наоѓа Вардерман е слична на онаа во која што се наоѓа Мејсон Гринвуд играчот на Манчестер Јунајтед.

Само како потсетување пак, спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс си поднесе оставка откако во јавност излезе аферата дека испраќал фотографии од половиот орган на колешка која работи во клубот.

 

ПретходноРусија со злато на нордиската штафета
СледноКрадец во соблекувалната на ПСЖ