Деби – гол за Парма на ГРАНДЕ Пандев за 1:1 против Порденоне, и тоа по само 10 минути игра во второто полувреме. По првиот дел водеа гостите. Влегувањето на Македонецот донесе екстра квалитет за Парма, која многу бргу по тој гол на Пандев дојде и до пресврт и водство од 3:1.
Сепак ГРАНДЕ мораше предвреме, во 71.минута, да го напушти теренот поради повреда. До крајот домашните постигнаа уште еден гол конечни 4:1.