Среќен роденден капитену!!!

215

Денеска капитенот на Македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски го слави својот 30. јубилеен роденден. Предводникот на најуспешната генерација Македонски репрезентативци, која за нешто повеќе од еден месец ќе го игра судбоносниот бараж полуфинален меч за пласман на Мундијалот во Катар, против Италија во Палермо е момчето кое одбележува речиси една декада од нашиот репрезентативен фудбал. По Европското првенство минатото лето, ја презема капитенската лента и е водач на подмладената Македонија која ита кон нов историски успех и нови радости кои за нашата држава значат многу.

Стефан Ристовски во моментов е дел од Динамо Загреб. Неговиот фудбалски пат не беше лесен, но со макотрпна работа, неспорен квалитет и секако малку среќа, успеа да стане еден од носителите на играта на клубот кој е синоним за квалитет на Балканот.
Стефан почна во Вардар, но млад замина во Италија. Парма, позајмици, трета лига, втора лига…. Следуваше потегот на неговата кариера и преселбата во Ријека. Фудбалски екслодираше, заслужи трансфер во големиот Спортинг Лисабон. Мина четири години таму, а потоа се врати во Хрватска. Со Динамо „гази“ и дома и во Европа. Како во моментов игра има нашиот капитен има уште „многу фудбал“ во нозете и му посакуваме само здравје и среќа. И да ни донесе уште многу радости во дресот на Македонија.

Заедно со капитенот Стефан Ристовски, роденден слави и нашиот интернационалец и репрезентативец Езџијан Алиоски кој исто така полни 30. години.

ПретходноБрегалница и Ренова ја отвораат пролетната ПМФЛ сезона
СледноРусија со злато на нордиската штафета