Уште едно големо засилување за Воска Спорт, тимот кој пролетниот дел во ВМФЛ – ЗАПАД ќе го стартува како втор, со шанса да го “нападне“ и пласманот во елитата. Имено охриѓани го ангажираа Бесарт Џемаили, сега веќе екс- фудбалер на Шкупи, еден од најталентираните млади фудбалери кои потекнуваат од школата на чаирскиот клуб.
Инаку Џемаили има настапи и за младинската репрезентација на Македонија до 19.години, игра на позицијата десен бек, а охриѓани не кријат дека се задоволни што успеале да донесат уште еден млад и талентиран фудбалер пред кого е убава иднина.
Се очекува младиот Џемаили да се наметне кај тренерот на Воска Спорт Раде Цицмиловиќ и во брзо време да биде еден од носителите на играта на охридскиот второлигаш. Се разбира дека само треба да работи напорно на тренинзите, како што тоа го правеше во Шкупи под водство на стратегот Гоце Седлоски.