Алкалоид продолжи победнички во Првата лига. Дебитантот одигра уште еден натпревар со голем број погодоци, овој пат против Кичево на гостински терен. Избраниците на Љубомир Савевски славеа со 17-50 и дојдоа до 13. триумф, со кој остануваат лидери во групата Б.
Оваа средба беше решена уште по првото полувреме. Скопскиот состав поведе со 4-14, на одморот веќе разликата „скокна“ на 8-24. Ракометарите на Алкалоид до крајот имаа рутинска задача, без проблем го завршија дуелот.
Димовски и Стојковиќ со по осум гола беа најефикасни, зад нив беа Костовски и Илиески со по пет гола. На другата страна Мирчески имаше шест гола.