Најдобриот голман во Американската, МЛС лига и досегашен член на тимот на Њу Ингланд, Мет Тарнер е нов играч на тимот на Арсенал.
Двата клуба се договорија околу трансферот на еден од најперспективните голмани на светот, кој иако во моментов има 27. години сепак, во Европа има и тоа како што да покаже и докаже.
Тој на Арсенал ќе му се приклучи на крајот од сезоната, а интересно е што има и пасош на Литванија, затоа што неговото семејство емигрирало во САД за време на втората светска војна.
Gary A. Vasquez-USA TODAY Sports via REUTERS