Битка за плеј-оф во Охрид, Вардар подготвува одмазда за битолчани

401

Денеска ќе се одиграат сите мечеви од 20. коло во машката Супер-лига, на програмата ги има пет, шетиот меѓу Металург и Е.Пелистер е одложен од добро познати причини.

Во центарот на вниманието е пресметката во „Билјанини Извори“ каде „копјата“ ќе ги врстат Охрид и Т.Пролет, мечот е закажан со почеток во 18 часот. Победата за двата тима значи пласман во плеј-офот. Пролет има три бода повеќе од противникот (31), што значи дека домаќинот мора да го добие овој дуел доколку сака да се најде во друштвото меѓу шестте екипи.

Од таборот на скопскиот состав најавуват жестока битка, добрата одрана и малиот број на грешки ќе биде пресудни, вели тренерот Алексо Лембанов.

Пред нас е најважниот натпревар сезонава, бодовите се исклучително важни и за нас и за Охрид, па нема сомнеж дека претстои жестока битка за победа. Очекувам беспоштедна борба на сите делови од теренот, не се сомневам дека ќе дадеме се од себе за стигнеме до посакуваниот резултат. Решавачки ќе биде која од двете екипи ќе биде поприсебна, пофокусирана во клучните моменти. Грешките мора да се сведат на минимум, еден од главните квалитети на Охрид е одличната транзиција од одбрана во напад, тие постигнуваат многу голови од вакви ситуации, ќе мораме да бидеме дисциплинирани во нападот и да се враќаме брзо по секој напад“, истакнува тренерот на Пролет, Алексо Лембанов.

Интересно ќе биде и во Скопје. Вардар 1961 го пречекува Е.Пелистер, добро е познато дека токму овој тим му го нанесе единствениот пораз сезонава во домашниот шампионат, па Давид Дејвис и неговите момци се подготвени за одмаза.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – КОЛО 20
12.02.2022 – САБОТА

16:00 часот РК СТРУГА – ГРК ТИКВЕШ 2014

17:00 часот РК СКОПЈЕ 2020 – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ

17:00 часот РК РАДОВИШ – РК ПРИЛЕП

17:00 часот РК ВАРДАР 1961 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

18:00 часот ГРК ОХРИД – РК ПРОЛЕТ 62 – пренос во живо на МРТ

ПретходноМЗТ Скопје со победа се одјави од Бања Лука, трката за врвот продолжува!
СледноПелистер со реакција по повод изјавата на Исмаили: Проблемот е во тренинг-компензацијата!