Бостон со седма победа по ред, не помогна ниту трипл – дабл учинок на Јокиќ (ВИДЕО)

90

Екипата на Бостон синоќа во рамките од новото коло во НБА лигата успеа да слави над тимот на Денвер со конечни 108:102 и на тој начин да дојде до седмиот триумф во серија. Предводник на овој триумф за Селтикси беше Џејсон Татум кој постигна 24 поени, а на спротивната страна не беше доволен ниту трипл – дабл учинокот наНикола Јокиќ од 23 поени, 16 скока и 11 асистенции.

Од друга страна, тимот на Јута Џез исто така влегува во победничка серија. Петтата победа по ред е остварена над тимот на Орландо 114:99, и тоа најмногу благодарение на Донован Мичел кој постигна 24 поени, додека Џонатан Кларксон додаде свои 18.

 

 

 

Резултати:

Детроит – Шарлот 119:141

Индијана – Кливленд 113:120

Филаделфија – Оклахома 100:87

Атланта – Сан Антонио 121:136

Бостон – Денвер 108:102

Чикаго – Минесота 134:122

Јута – Орландо 114:99

ПретходноУсни Исмаили: Пелистер ми го уништи трансферот во Швајцарија
СледноГуставо Појет е нов селектор на Грција