Брегалница и Ренова ја отвораат пролетната ПМФЛ сезона

165

Со мечот помеѓу екипите на Брегалница и Ренова кој денеска се игра на Гратскиот стадион во Штип со почеток од 14:00 часот стартува пролетниот дел од Пволигашлата конкуренција во Македонија сезонава.

Со дуелот на четвртопласираниот и петтопласираниот тим на табелата, продолжува едно од најнеизвесните првенства во последните години во кое на половина ама буквално ништо не е познато, ниту пак ќе биде во годледно време. Ќе се води жестока битка како за титулата, така и за првите четири места кои водат во фудбалска Европа и за кои токму Брегалница и Ренова денеска ќе сакаат да ги освојат стартните бодови.

За Брегалница секако официјално деби ќе има новиот тренер Илчо Ѓоргиоски кој зимава го презема клубот од Мане Секуловски.

 

ПретходноМина паузира два месеци
СледноСреќен роденден капитену!!!