Вардар 1961 не греши два пати, Е.Пелистер демолиран среде Скопје (ФОТО)

445

Вардар 1961 со камата му се реваншираше на Е.Пелистер 2 за единствениот пораз во домашниот шампионат сезонава. Актуелниот македонски првак уште од стартот им најави на битолчани дека од Скопје ќе си одат поразени, крајниот резултат беше 32-20.

Дибиров беше стрелец на седум гола, по четири имаа Моралес и Оливе Њокас. Петровиќ и Арсеновски на другата страна запишаа по четири гола.

Избраниците на Давид Дејвис поведоа со 9-3, не им дадоа простор на гостите да бидат рамноправен противник. На одморот „црвено-црните“ заминаа со предност од седум гола 18-11.

На теренот не се промени ништо ниту во второто полувреме, за кратко време Вардар 1961 го забележа првото двоцифрено водство (23-13), беше и 27-16 во 48. минута. Битолчани беа целосно надиграни, немаа решение за налетот на далеку поискусниот состав, кој покажа дека на гостувањето во Битола имал само лош ден.

БУТЕЛ СЕ ИЗВЛЕЧЕ НА ДУЕЛОТ СО СКОПЈЕ

Бутел изненадувачки на гостувањето кај Скопје. Иако станува збор за пресметка на екипи од горниот и долниот дел од табелата, сепак домаќинот покажа „заби“. По негативата од 3-1 на стартот, гостите го свртеа мечот, поведоа со 6-9 и 7-11, на одморот заминаа со водство од два гола 11-13. Иако се чинеше дека ова ќе бидат лесни бодови, Скопје целосно се врати во мечот. По негативата од три гола (17-20), најде сили и начин да изедначи на 20-20, а потоа и да поведе со 23-22. Искуството на крајот го стори своето, Бутел Скопје успеа да слави со 23-24.

На останатите средби, Тиквеш го доби дуелот со Струга, славеше со 34-32, Прилеп ја оправда фаворитската улога против Радовиш (28-36)..

ПретходноЕвертон го „покоси“ Лидс, Брајтон ја прекина серијата нерешени резултати (видео)
Следно„Кралевите“ без муниција против Виљареал: Го нема Бензема нема кој гол да даде