Гвардиола: Не му верувам на Клоп

385

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пред гостувањето кај Норвич се осврна кон изјавата на Јирген Клоп. Тој изјави дека Ливерпул „излезе од трката за титулата“, бидејќи има девет бода помалку од Сити.

„Не му верувам“, кратко одговори Пеп Гвардиола, па го прашаа дали доколку е на местото на Клоп би верувал дека може да дојде до првото место: Секако. Тој исто така мисли, во спротивно ова натпреварување нема да биде онакво вакво што е сега.

Секако дека верува дека може да не помне на табелата. Во фудбалот се е можно. Тој знае дека мора да победи многу натпревари, како што ние знаеме дека мора да добиеме исто многу мечеви за да ја одбраниме титулата“, изјави тренерот на Сити.

ПретходноПелистер со реакција по повод изјавата на Исмаили: Проблемот е во тренинг-компензацијата!
СледноПМФЛ: Пролетва ќе има жестока битка за опстанок, има ли спас за Пелистер?