Во англиската Премиер лига попладнево се одиграа четири натпревари од 25. коло. На „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед испушти два бода во дуелот со Саутемптон. „Ѓаволите“ водеа со 1:0, на крајот мораа да се задоволат со бод.
Џејдон Санчо во 21. минута ја погоди мрежата на гостите, а во 48. минута Адамс го изедначи резултатот кој остана до крај. За Јунајтед ова е седмо реми и е на петтото место на табелата но и во опасност да го загуби затоа што ривалите зад него Арсенал, Тотенхем и Вулверхемптон имаат по два или три меча помалку.
Евертон се рехабилираше по поразот по четирите едноподруго порази во Премиер лигата. „Карамелите“ славеа победа од 3:0. По првото полувреме беше 2:0 и тоа со головите на Колмен и Кин, а конечниот резулат го постави Гордон.
Брајтон ја прекина својата низа од три едноподруго ремија со победата над Вотфорд, а воедно на го поттурна овој тим кон дното на табелата. Головите ги постигнаа Нил Мапи и Алан Вебстер. Вотфорд го запиша 16-тиот пораз, а Брајтон седмата победа која го држи на 9-тото место на табелата.
Брентфорд и Кристал Палас одиграа без голови. Од 18:30 часот играат Норвич и Манчестер Сити.