Реал Мадрид повторно одигра лош меч, но за разлика од победата над Гранада минатото коло (1:0), овој пат не успеа да освои три бода против Виљареал. Мечот се одигра на „Де ла Керамика“, а кралскиот клуб без Бензема во составот беше немоќен да ја затресе мрежата на противникот. Виљареал добро оддолеваше на нападите на противникот. „Кралевите“ за разлика од претходниот меч одиграа подобро, имаа и шанси меѓутоа немаше кој да даде гол.
На крајот мрежите мируваа, а Реал и понатаму е прв со четири бода предност во однос на втората Севиља по 24 кола.
Виљареал е на петтото место.
Интересно ова е петто реми помеѓу Виљареал и Реал Мадрид во Ла Лига на „Де ла Керамика“ што е најдолга серија без победа на Реал на гостински терен по 1977 година кога имале исто толку против Сосиедад.