Кирил Лазаров се врати на терените по паузата поради повредата со која се здоби пред стартот на Европското првенство. Селекторот на македонската репрезентација не успеа да се запише во листата на стрелци, имаше само два неуспешни обиди во победата на својот тим.
Нант на домашен терен го совлада Ст.Рафаел со 38-32 во рамките на 16. коло во францускиот шамионат. Ова е 12. победа за тимот на Лазаров, со едно реми и три порази се наоѓа на второто место на табелата.
Мине со седум гола од осум обиди беше прв стрелец, Пешмалбек имаше пет погодоци.