Интернационалецот од Колумбија и стандарден дефанзивец на тимот на Евертон, Јери Мина поради повреда на мусклулот, ќе мора сезонава да паузира од осум до десет недели.
Оваа информација Евертон ја објави во текот на вчерашниот ден потврдувајќи дека повредата која што му се случи на Мина на мечот против Њукасл во вторникот не е ни малку наивна.
Ова значи дека Евертон кој резултатски и играчки и тоа како се мачи сезонава ќе мора да претрпи уште еден удар. Тимот кој го предводи Френк Лампард има само една победа во последните 15 мечеви и има огромен проблем за да обезбеди опстанок сезонава.