Облак, Феликс и Љоренте си одат од „Ванда Метрополитано“ ако не играат во ЛШ

521

Атлетико (М) може да загуби неколку клучни играчи доколку не успее да обезбеди учество во Лигата на шампионите следната сезона.

„Марка“ информира дека е критично важно „јорганџиите“ да се пласираат во топ 4 во шпанското првенство и да си ги гарантираат исплатите кои произлегуваат од учеството во Лигата на шампионите.

Доколку Атлетико не успее да заврши меѓу четирите најдобри или да ја освои тековната Лига на шампиони, ќе се соочи со потреба да продава важни играчи. Меѓу нив се голманот Јан Облак, играчите од средниот ред Жоао Феликс и Маркос Љоренте.

ПретходноСедум гола, три пенали и победа за Атлетико (М) (ВИДЕО)
СледноАмериканецот на Работнички на препорака на амбасадата се спакувал и ја напуштил Украина