Ренова со 1:2 среде Штип јас “тресна“ Брегалница и успеа да освои големи, значајни три бода. Секако дека “гипсарите“ мора да бидат задоволни, и од играта и пред се од резултатот.
Ќатип Османи, стратегот на “гипсарите“ ја доби тренерска битка против Илчо Ѓорѓиоски, а за “Спортмедиа“ изјави…
“Мораме да бидеме задоволни, и од играта, посебно во првиот дел, а секако и од резултатот и победата. Генерално Ренова беше подобра на тешкиот терен во Штип и заслужено ги освои трите бода. Убаво е кога ќе стартуваш со победа“ посочи Османи.