Дербито на колото во Супер-лигата ги исполни сите очекувања. Охрид успеа да го добие дуелот со Т.Пролет, славеше со 23-20 и се најде во пол-позиција за пласман во плеј-офот на две гола до крајот. Победата има уште поголема тежина, особено ако се земе во предвид дека во самиот финиш беше со играч помалку, а до првото водство дојде во второто полувреме.
Брауновиќ со десет одбрани заедно со Николов кој запиша 10 гола беа најзаслужни за големите бодови на ова дерби. Давор Палевски кај Пролет имаше 6 гола.
Гостите добро влегоа на овој дуел, поведоа со 2-6, се чини притисокот кај охриѓани беше голем, па им беше потребно време за да заиграат на повисоко ниво. Се вратија со четири гола во низа за 6-6, и го променија текот на натореварот, кој влезе во изедначена борба на теренот. По 30. минути игра паднаа по десет гола на двете страни, најава за „жешко“ второ полувреме.
Пролет успеа по одморот да поведе со плус два (11-13, 12-15 и 13-16), благодарение на добрата игра во одбраната. Две одбрани на Брауновиќ (една од седум метри), Охрид од втора преку Николов од седмерец израмни на 16-16 во 47. минута.
Цветковски одбрани седмерец на Николов на девет минути до крајот, но неговиот тим не искористи да дојде на плус два. На другата страна најдобриот стрелец кај Охрид , а потоа Шилегов донесе прво водство на својот тим од 19-18. Брауновиќ со две одбрани во низа на три минути до крајот, му даде нова шанса на домаќинот да поведе со плус два, шансата ја искористи Кривокапиќ (21-19).
И двата тима останаа со играч помалку, Палевски не успеа да реализира од седум метри, Брауновиќ беше несовладлив во одлучувачките моменти. Охриѓани иако беа само четворица на теренот, дојдоа на 22-19. Гостите не успеаја да се вратат иако противникот имаше играч помалку.
Со оваа победа Охрид направи голем чекор кон плеј-офот, победата од два гола разлика ќе ги направи фаворити за следната рунда ако се направи круг со Пролет и Тиквеш по завршување на регуларниот дел.