Младата надеж на нашиот фудбал, Лука Станковски кој штотуку се пресели од Работнички во турски Газиантеп денеска дебитираше за турскиот клуб, но уште во првиот меч се повреди. Станува збор за повреда на скочниот зглоб, која е доволно сериозна за да го извади од терените најмалку 6 недели.
Станковски дебитираше за Газиантеп во 81-та минута на гостувањето кај Башакшехир во поразот со 2:0. Многу брзо по влегувањето заработи повреда.