Работнички ита кон плеј-аутот – поразен и од ТФТ (ФОТО)

142

ТФТ го совлада Работнички, кој и натаму тоне и ита кон плеј-аутот, го запиша осмиот пораз оваа сезона, вкупно четвртти. Две добри четвртини му беа доволни на тимот од Тафталиџе за да стигне до триумф од 103-72 .

Првиот период домаќинот го заврши со 28-15, додека во третата четвртина постигна 31 поен, а прими 18. Разликата беше голема, а со оглед на ростерот со кој располага Игор Михајловски, тешко беше да се очекува еден поинаков тек.

Хортон имаше 23 поени, на другата страна Какруки запиша 23 поени и седум скока. Златевски и Марковски имаа по 14.

Гостивар ја оправда фаворитската улога против дебитантот Ангели, на домашен терен го совлада со убедливи 106-60.

За избраниците на Александар Јончевски ова беше победа број десет, која ги носи во битката за третата позиција на табелата. Средбата беше решена по само едно полувреме, Ангели имаа негатива од 52-33. Бодовите домаќинот ги потврди во третиот период, кој го доби со 36-17.

Силаџи имаше 20 поени и 10, додека Тодоровиќ 17. Кај гостите, Рејм и Делоски заедно постигнаа повеќе од половината поени (44 поени).

И Акдемија ФМП дојде до важни бодови и тоа против Куманово во дербито на колото, благодарение на добрата игра во второто полувреме славеше со 84-68.

ПретходноОхрид во пол-позиција за место во плеј-офот – го доби дербито со Пролет
СледноОсмани: Ренова беше подобра и заслужено ги освои бодовите во Штип!