Женската штафета на Русија е победник на спринтот на пет километри кој утринава беше на програмата на ЗОИ во Пекинг.
Русија беше убелдиво најдобра на оваа трка, настапи во состав, Јулија Ступак, Наталија Непрајева, Татјана Сорина и Вероника Степанова. Од самиот старт оваа репрезентација поведе и немаше проблеми да дојде до златото.
Како втора заврши репрезентацијата на Германија, додека пак бронза освои Шведска.