Станковски со пораз дебитираше за Газијантеп

194

Македонскиот интернационалец Лука Станковски дебитираше во дресот на Газијантеп на гостувањето кај Башакшехир во турската Суперлига. Станковски кој зимоска направи трансфер од Работнички во Газијантеп влезе во игра во 80 минута, а неговиот тим го загуби натпреварот 2:0.

Пици и Гурлер стрелаа за Башакшехир, а Газијантеп го доживеа деветтиот пораз сезонава.

ПретходноСкопје ги промовираше Камерунецот Мунпаин и Холанѓанецот Насер!
СледноНа Баерн му се стемни во Бохум (видео)