Феникс му сервираше убедлива одмазда на Кожув!

94

Дебитантот во Првата лига продолжува со импресивните партии. Феникс ја забележа осмата победа оваа сезона, откако на домашен терен го совлада Кожув со 92-58 и му се одмазди за поразот на гости.

Иако кошаркарите на Феникс поведоа со 19-3 на стартот на мечот, сепак никој не очекуваше дека лесно ќе дојдат до бодовите. Но, како одминуваа минутите беше јасно дека ова ќе биде еден лесен натпревар за скопскиот состав. По првите десет минути, дебитантот имаше предност од 29-8, додека на одморот водството беше изразено во плус 26 поени (54-28).

Од ваква негатива гевгеличани не успеаја да се вратат, иако во третиот период одиграа многу подобро и го добија со 18-21. Сепак финишот на мечот им припадна на кошаркарите на Феникс, одиграа уште една одлична четвртина за убедлива победа.

Морган запиша 15 поени, по 14 имаа Митревски и Трајковски, 11 запиша Кларк. Кај Кожув, 14 поени имаше Главчев.

Претходно„Граѓаните“ не знаат за доста: Стерлинг со ноќ за паметење (ВИДЕО)
СледноЛазаров се врати на терените по паузата, Нант победнички!