Манчестер Сити продолжи со незапирливи партии во Премиер лигата. Денеска во последниот меч од 25. коло, „граѓаните“ со високи 4:0 славеа на гостувањето кај Норич.
Момците на Пеп Гвардиола одиграа уште еден одличен меч во кој своја вечер за паметење имаше Рахим Стерлинг, кој мечот го заврши со хет-трик.
Тој погоди во 31. минута за водство на гостите, кои потоа со нови два гола ги отстранија сите дилеми околу победникот.
Најпрво на 2:0 зголеми Фил Фоден во 48. минута, а денес расположениот Стерлинг со гол во 70. Минута обезбеди и високи 3:0.
Хет-трикот на Стерлинг стигна во 91. минута за конечни 4:0.