На Горан Пандев малку време му требаше да почне да стрела и во дресот на својот нов тим. Најдобриот македонски фудбалер го постигна својот деби гол за Парма.
„Гранде“ Пандев тоа го стори на дуелот меѓу Парма и Порденоне. Тој влезе во во вториот дел, а веќе во 55. минута стрелаше за израмнување (1:1).
Ова е негов прв гол за Парма и тоа во вистинско време, неговото искуство е непроценливо за овој клуб. Можеби до крајот ќе постигне уште еден и ќе донесе пресврт и голем триумф за неговиот тим.