Кога играте во еден од најбогатите клубови во светот и заработувате огромна сума на пари имате можност да уживате во вистински луксуз.
Кога играте во еден од најбогатите клубови во светот и заработувате огромна сума на пари имате можност да уживате во вистински луксуз.
Во соблекувалната на ПСЖ се наоѓаат шкафчињата на имиња како Нејмар, Меси, Рамос, Мбапе, Ди Марија, и ред други познати фудбалски имиња. Со оглед дека сите тие имаат „тешки“ сметки, никој не очекува, па дури и од оние кои заработуваат помалку да „оперираат“.
Но, сепак меѓу фудбалерите има и еден „крадец“, кој јавно го призна ова дело.
Преснел Кимпемпе кој заработува два милиони евра украл парфем од Тил Керер.
„Не го знам ниту името на парфемот, но навистина е неверојатен. Имам во автомобилот едно шише, го украдов од Тил. Еднаш пројде покрај мене и го почувствував неговиот парфер, мирисаше неверојатно. Го прашав за што станува збор, ми покажа едно шише. Мирисот беше неверојатен. Не знам ни за која марка е. Тило пријателе никогаш нема да сменам, ама ќе треба да бараш нов парфем. Ова не може да се најде на интернет“, изјави фудбалерот на ПСЖ во едно интервју.