Иако претходно веќе беше објавено дека кариерата ќе ја продолжи во Казахстанскиот тим Атирау, сепак, екс Македонскиот младински репрезенаттивец Милош Тошески ќе остане во Србија. Потпиша договор со тимот на Спартак Суботица и пролетниот дел од сезоната ќе го мине во овој клуб.
„Да, точно е дека потпишав за Спартак. Се вратив од Казахстан, не се договорив со тимот на Атирау, иако минав извесен период во овој клуб“ – ни изјави Милош Тошески.