ПМФЛ: Ренова со триумф во Штип му го “загорчи“ дебито на Ѓорѓиоски! (ФОТО)

478

Пролетниот дел во ПМФЛ стартуваше со победа на Ренова среде Штип и тоа со 1:2. Со оваа победа “гипсарите“ му го загорчија“ дебито на Илчо Ѓорѓиоски на клупата на Брегалница. Ренова беше подобра, посебно во првиот дел, затоа и заслужено победи на очајно лошиот терен под Исарот.

Првиот дел мина во иницијатива на Ренова, токму затоа и на крајот по тие 45.минути водеше со 0:1. И тоа со смешниот гол кој го постигна Мурати во копродукција со Денковски кој катастрофачно реагираше и речиси сам си ја смести топката во својата мрежа.

Имаа “гипсарите“ уште две шанси, а Брегалница преку Манев ја погоди стативата.

Во вториот дел Брегалница тргна поактивно, агресивно, но со тоа се отвори простор за гостите кои преку Серафимовски успеа да дојде до 0:2. Во акциите учествуваа и Селмани и Мена.

И тогаш Брегалница тргна на се или ништо. Па така многу брзо, по само осум минути преку Дамњановиќ, кој само што влезе, успеа да намали на 1:2.

Во финишот на мечот и двете екипи имаа шанси,но сепак резултатот остана 1:2 и големи три бода за Ренова.

Треба да се каже дека Алтипармаковски во 90+5. минута имаше зицер за 2:2 но не успеа да реализира.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноСаутемптон му “украде“ два бода на Јунајтед среде “Олд Трафорд“!
СледноБадел 1862 го дигна гласот против Комисијата за ваучери при КФСМ – има голем број нерегуларности!