Полувреме: Мурати по катастрофата на Денковски го „смрзна“ Штип, Брегалница е очајна!

977

Во првиот меч од пролетниот дел во ПМФЛ, по првото полувреме Ренова среде Штип води со 0:1 и тоа со смешниот гол на Мевљан Мурати. Имено се играше 16.минута кога дефанзивецот на гостите од средината на теренот ја исфрли таа топка, потоа таа доби неочекувана патека па го изненади голманот на домашните Денковски, кој не успеа да ја скроти и од неговите раце заврши во мрежата.

Каква катастрофа, каква смешка на Денковски.

Инаку теренот е во очајна ситуација, како што очајна е и Брегалница која имаше во 43.минута шанса преку Манев, но топката заврши во стативата.

На другата страна Ренова имаше уште две шанси за гол.

ПретходноСкопје доби поддршка од градоначалникот на Гази Баба! (ФОТО)
СледноВојдан по кам-бекот: Одлично се чувствувам! Ќе и помогнам на Македонија!