Во пресрет на стартот на пролетниот дел во ПМФЛ, Скопје доби силна поддршка од градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски. Тој ги посети „пиратите“ на еден од последните тренинзи, им посака добри игри и резултати, и секако им порача дека Оштината и тој како прв човек на Гази Баба, ќе ја дадат сета можна поддршка.
Инаку Скопје утре во првото пролетно коло дома го дочекува тимот на Борец.