Данило го спаси Јувентус од нов пораз против Аталанта (ВИДЕО)

158

Со голот на Руслан Малиновски во 76. минута, екипата на Аталанта беше пред победа на дуелот со Јувентус, но Данило во втората минута од продолжението успеа да ја спаси „Старата Дама“ и да донесе реми на мечот во Бергамо.

Со ова реми, Јуве ја продолжи серијата без пораз во Серија А која сега брои 11 меча. Интересно, Јувентус последен пат во италијанското првенство загуби токму на мечот со Аталанта во 14. коло на 27 ноември минатата година, кога на домашен терен беа поразени со 1:0.

Алегри и неговите момци и овој пат не успеаја да најдат решение за тимот од Бергамо кој останува меѓу фаворитите за место во Лигата на шампионите и следната сезона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноНикој во Европа како Берарди: 10 гола + 10 асистенции
СледноСпас во 96. минута: Еспањол и по 4 години остана без победа против Барса (ВИДЕО)