Имери пред дербито со “пандевци“: Ќе играме и за “шверцерите“!

144

Омар Имери, по пауза од 3,5 години денеска одново ќе го облече дресот на Шкупи на еден официјален натпревар. Младиот офанзивец ќе биде еден од адутите на есенскиот првак на денешното дерби против Академија Пандев.

Тој не крие дека е радосен и среќен што повторно ќе игра на Чаир во дресот на својот Шкупи.

Максимално сме подготвени и фокусирани за овој натпревар.Искрено многу ми недостигаше Чаир, песната на нашите навивачи кои денеска нема да бидат со нас, но ќе бидат надвор од стадионот и од таму ќе навиваат. Затоа ние ќе играме и за “шверцерите“. Тие секогаш се наш 12-ти играч. Оптимисти сме, играме против квалитетен тим, но сакаме со победа да ја започнеме пролетната полусезона“ рече за клупскиот сајт офанзивецот на Шкупи.

ПретходноНово Мурињо шоу: Прашајте ме за Сасуоло или ќе си одам!
СледноПМФЛ: Супер – дерби на Чаир, Тиквеш по изненадување во Ѓорче, Работнички гостува во Битола…