Со голот на Рафаел Леао уште во осмата минута од мечот, тимот на Милан успеа на домашен терен пропладнево да слави против тимот на Сампдорија со конечни 1:0.
Фаворитот на овој меч ја оправда улогата иако погоди само еднаш во противничката мрежа. Тоа сепак беше доволно за да Милан ги освои трите бода на овој меч и остане во игра за највисок пласман.