Познати стартните состави: Седлоски со тотална офанзива, “пандевци“ без Ангелов, Горгиев на клупа!

413

На нешто повеќе од половина час од почетокот на дербито на 19.коло во ПМФЛ, или прво пролетно, меѓу Шкупи и Академија Пандев, познати се стартерите на овој меч кој ќе се игра на Чаир.

Стратегот на лидерот, Гоце Седлоски, се одлучи за тотачна офанзива. Имено мечот ќе го започне со Наумовски на голот, потоа со Шеји, Маргвелашливи, Сенгор во одбраната, потоа со Алварез, Брдаровски, Куевен и Стоилов во среднот ред, а во нападот тука се Имери, Радески и Адетунџи.

Ова за новакот Ѓорѓи Стоилов ќе значи и настап против својот некогашен клуб.

На другата страна тренерот Ѓорѓи Стојчев се одлучи за следните единаесетмина: Јовановски, Димов, Илиев, Манев, Мартинага, Хаџановиќ, Димоски, Томовски, Митровски, Шаркоски и Маронг. Се гледа дека го нема Виктор Ангелов, кој не е ни ка клупата, а таму е Пепи Горгиев кој ќе ја чека својата шанса да настапи на ова големо супер – дерби.

Штета, ова дерби, поради казната на Шкупи, ќе се игра без присуство на гледачи.

ПретходноПСЖ “раскинува“ со Ди Марија!
СледноУште еден познат фудбалер од ПЛ уапсен поради насилство кон својата девојка!