Радичевиќ немоќна пред Ристовска и ЦСКА 

92

Сара Ристовска и ЦСКА Москва ја запишаа шестата победа во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај Кастамону славеа со 29-31 во меч од 12. коло.

Рускиот состав дојде до големи бодови и покрај одличнот издание на Јованка Радичевиќ, која дуелот го заврши со девет гола.

ЦСКА Москва одигра одлично прво полувреме по кое имаше позитива од три гола 13-18, а водеше и со пет. Турскиот тим се разбуди во вториот дел поточно во самиот финиш, успеа да изедначи, но не и да приреди целосен пресврт.

Ристовска беше стрелец на два гола, а со последниот стави печат на победата, ги постави крајните 29-31.

ПретходноМоќен е овој Шкупи, дефинитивно е зрел за титула! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЛиверпул добар кај Барнли, Волфси ја продолжија агонијата на Тотенхем (ВИДЕО)