Ројс и Гереиро ја водеа Борусија до убедлива победа над Унион

135

Борусија Дортмунд очекувано ги освои бодовите од гостувањето кај Унион Берлин благодарение на победата од 3:0 во меч од Бундес лигата. „Милионерите“ ја оправдаа фаворитската улога, а Марко Ројс и Гереиро ја решетаа противничката мрежа.

Ројс ги постигна првите два гола со што сега може да се пофали дека на 21 меч во Бундес постигнал најмалку по два гола, а за прв пат по две години и дуелот со Фортуна Дизелдорф. А Гереиро се покажа како џелат за Унион затоа што ја погодува нивната мрежа на трет меч по ред.

Инаку ова е 15-та победа на Борусија сезонава и е на второто место со 46 бода по 22 кола, шест помалку од лидерот Баерн.

Унион е на шестото место.

ПретходноВерона ја наполни мрежата на Удинезе и се пофали со личен рекорд
СледноСедлоски: Првите натпревари секогаш се тешки, им честитам на момците за победата