Шкупи запиша победа против Академија Пандев во првиот меч од пролетниот дел на сезоната, а тренерот на чаирчани Гоце Седлоски беше задоволен од тоа како одигра неговиот тим и од освоените три бода. Шкупи иако имаше фудбалер помалку успеа да стигне до триумф.
„И пред мечот им реков на момците, првите средби секогаш се тешки и незгодни. Игравме против силен тим што е второпласиран на табелата. Во првото полувреме не бев задоволен од она што го покажавме, но како што минуваше мечот така игравме многу подобро. Јасно е, на новите фудбалери ќе им треба време за да се адаптираат, но најважно е што и со фудбалер помалку стигнавме до победата. Сега фокусот ни е на следниот натпревар и се разбира одиме на нови три бода и сочувување на првото место на табелата“, изјави Седлоски.