Спас во 96. минута: Еспањол и по 4 години остана без победа против Барса (ВИДЕО)

341

По цели 4 години, екипата на Еспањол имаше неверојатна шанса да слави во големото градско дерби против Барселона, но шансата ја пропушти во последните секунди од судиското продолжение. Вечерва на домашен терен, Еспањол со пресврт дојде до 2:1, водеше се до 96. минута и беше на чекор да ја прекине црната серија во која немаше победа над Барса од 2018 година.

Сепак, за тоа да не се случи се потруди Лук Де Јонг со гол во последните моменти на мечот за конечни 2:2.

Барселона имаше среќа и уште на самиот почеток на натпреварот во 2. минута со голот на Педри успеа да дојде во водство од 1:0. Тоа беше најава дека Барса ќе оди на нова победа во Ла Лига, по последните две кои сериозно го поправија расположението и кај навивачите.

Сепак, градскиот ривал со голот на Дардер во 40. минута успеа да замине на пауза во егал – 1:1.

На стартот на второто полувреме Гави погоди за Барселона, но по прегледувањето на ВАР голот беше поништен. Шансата ја искористија домашните, кои во 64. минута преку Раул де Томас успеаја да направат целосен пресврт и да поведат со 2:1.

Кога фановите на Еспањол очекуваа голема победа, по асистенција на Траоре, Лук Де Јонг погоди за спас од пораз и конечни 2:2.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноДанило го спаси Јувентус од нов пораз против Аталанта (ВИДЕО)
СледноСУПЕРБОУЛ: Рамс после пресврт во финишот ја освои титулата