Тетовските „црвено-црни“ со победа ја започнаа пролетната сезона совладувајќи ја екипата на Струга Трим Лум со 3:1. Тренерот Акраповиќ беше задоволен од изгледот на Шкендија на стартот на пролетната полуетапа и по мечот изјави дека е исклучително задоволен и од играта и од резултатот.
„Горе-долу добар натпревар. На овој тежок терен направивме многу убави акции, создадовме стопроцентни шанси. Погодивме трипати, но можевме да дадеме и осум. Им кажав на играчите дека наместо 3:1, веројатно резултатот требаше да биде 8:0. Но, со оглед на сите околности, прв натпревар и тежок терен, момците го дадоа максимумот и создадоа многу шанси. Дадовме три гола, а кога навивачите се задоволни, тогаш сме задоволни и ние“, вели Акраповиќ.