Тимот на Алавес си ги зголеми шансите сезонава да се спаси од испаѓање од Примера, откако попладнево на домашен терен со 2:1, го совлада тимот на Валенсија.
Стрелци на головите за домаќинот беа Лоум во првиот односно Жоселу од пенал во вториот дел. Од белата точка Валенсија израмни на 1:1 преку Гудесес но тоа е се што гостите на овој меч успеаа да направат.
Со овој триумф Алавес го освои 20. поен сезонава додека пак Валенсија остана на своите 30.