Работнички во продолжение на сезоната ќе добие ново засилување во името на репрезентативецот на Девствените Острови, Дион Едвин. Овој кошаркар доаѓа од украинскиот тим Химик, а причината поради која одлучил да си замине е лошата ситуација во Украина.
Добро е познато дека во оваа земја никој веќе не е безбеден поради лошите политички односи со Русија. Во секој момент може да избие војна, па сите странци се пакуваат. Америка до пред неколку дена им порача на своите граѓани да се вратат назад.
Па така е приказната и со Едвин. Заедно со уште неколку кошаркари одлучиле да си заминат и да бараат нови клубови. Тој се договори со тимот од „Градски парк“ и веќе не следната средба би требало да му биде на располагање на Игор Михајловски, кој одлучи во тешки времиња да го води најтрофејниот кошаркарски колектив.